Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведено лице по инцидент при сообраќајна контрола и сообраќајни контроли

На 13.12.2021 година во 03.30 часот на ул. „Ѓорѓи Наумов“, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 23 годишно лице од Битола. Откако бил сопрен од полициски службеници тој ја спуштил рачната кочница на возилото кое се придвижило и удрило полициска службеничка, по што упатил и закани кон неа. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 12.12.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 31 мерки од кои 25 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 6 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »