Вчера во 12.00 часот во Радовиш, полициски службеници од полициска станица Радовиш ја лишиле од слобода 42 годишната од Битола.
За неа била распишана потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба”.
Лицето било спроведено во Казнено – поправна установа „Затвор Идризово”, информираат од МВР.