Press "Enter" to skip to content

Во Битола 27 нови позитивни на ковид-19, оздравени 39, активни 445 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.162 тестирања, а регистрирани се 353 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 27.

Регистрирани сe 450 оздравени пациенти од Битола се 39.

До сега во Битола има 8.987 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се  445 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 73 и преку “Плодност“ ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.507.103 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 96308, Активни 2650
Куманово 13018, Активни 156
Тетово 11379, Активни 86
Прилеп 10506, Активни 352