Press "Enter" to skip to content

Гордана Наумовска ќе раководи со “Комуналец“, Соња Карапашовска со “Пазари“, Горан Степановски со “Паркинзи“

Со новите именувања кои ги направи градоначалникот на Битола Тони Коњановски, директор на  ЈП “Комуналец“ ќе биде Гордана Наумовска.Наумовска е по замимање агроменаџер, долги години вработена во претпријатието во секторот зеленило и добар познавач на состојбите, а беше во раководниот тим на претријатието кога со него раководеше ВМРО-ДПМНЕ. Таа ќе биде на местото на Панде Богоевски од СДСМ.Со  ЈП “Пазари“  ќе раководи Соња Карапашовска, магистер на економски науки. Карапашова извршуваше советничка функција пред 4 години. Карапашовска е професор во Средното економско училиште “Јане Сандански“ во Битола. Таа ќе го замени Владе Атанасовски од ЛДП.Во најновото јавното претријатие кое стопанисува со паркинзите нов раководител ќе биде  Горан Степановски, економист. Степановски беше советник во изминатиот мандат на Советот на Општина Битола. Степановски доаѓа на местото на Зоран Дојчиновски од СДСМ.

More from ВестиMore posts in Вести »