Press "Enter" to skip to content

За утрешното дерби во Битола, Еурофарм Пелистер со специјален апел до навивачите

Оваа среда на програмата е големото македонско дерби во кое Еурофарм Пелистер од Битола ќе ја брани првата позиција на табелата од Вардар и тоа ќе биде клучниот натпревар за кој ќе биде новиот шампион на Македонија. Битолчани најавуваат пеколна атмосфера во салата „Боро Чурлевски“,  “пелистерци“ испратија посебен апел до навивачите и побараа од нив на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории, во нивното соопштение се вели:

-РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2021 година. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (среда 18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.

 

More from СпортMore posts in Спорт »