Press "Enter" to skip to content

Пеце Милевски, именуван за в.д. директор на ЈКП “Водовод“ – Битола

Пеце Милевски е нов в.д. директор на ЈКП “Водовод“ од Битола и е прво именување од новата локална власт и на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на директорските места на јавните претријатија на Опптина Битола.

Пеце Милевски и досегашниот директор Горан Козаров, кој по локалните избори си поднесе оставна, денес имаа примопредавање на фунцијата.

Пеце Милевски дипломиран правник и е запишан на постдипломски студии. Досега работеше во Правниот факулет при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола.

Пеце Милевски е претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, беше и актуелен советник во Советот на Општина Битола, на кое место дојде како носител на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Сега по назначувањето на Милевски тој ќе се откаже од советничкото место, на кое имаше втор мандат.