Редовноста и дисциплината на тренинг, како и постојаната желба за танцување на членовите на студиото, се резултат на успесите кои во континуитет ги редат танчерите на танцовиот спортски клуб “Експоуз“ од Битола.Одличната комуникација помеѓу тренерите и децата го дополнува тоа победничко темпо, секако тука и огромната поддршка од нивните родители, кои заедно чекорат кон освојување на национални, интернационални и светски трофеи, кои редовно ги носат во Битола.
Овој клуб постојано е на врвот помеѓу најдобрите, а во продолжение и резултатите од нивниот последен натпревар:
1. Формација деца – 10 златни медали и пехар
2. Формација јуниори – 12 златни медали и пехар
3. Група јуниори – 3 сребрени медали и пехар
4. Група возрасни – 5 сребрени медали и пехар.
Вкупно освоени 4 пехари, 22 златни медали и 8 сребрени медали на ТСК “Експоуз“, сите во дисциплината синхроно танцување, на натпреварот “DANCE OFF“, кој се одржа викендов во арената “Борис Трајковски“ во Скопје.