Иницијативата на Еурофарм Пелистер љубителите на ракометот во Битола да донесат во салата “Боро Чурлевски“ и на полувремето да се фрлаат на паркетот плишани играчки беше прифатена. Само што судиите “свирнаа“ крај на првото полувреме се случи “дожд“ од илјада плишани играчки од двете трибини, а сите во салата овој гест на битолчани го испратија со аплауз.
Вработените во салата плишаните играчки го собираа десетина минути во колички и вреќи, а поради големиот број на “мечиња“ во собирањето се вклучија луѓето од клубот и дел од младинците кои беа во салата.
Идеја на клубот за поздравување, но за поздравување и гестот на битолчани кои издвоија од својот џеб покрај за влезница и за подарок за децата од ранливите категории.
Од клубот велат дека со оваа порака сакаат да ги потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.
Инаку, овој тренд веќе долги години е присутен во Европа, токму пред новогодишните и божиќните празници, а вечерва во Битола за прв пат се иницира во Битола и тоа супер успешно.

Битолчани направија дожд од илјада плишани играчки за децата од ранливите категории (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес на “Бит фест“: концерт на две битолчанки, дуо пијано, “Музиката раскажува приказни“
- Отворен форумот за локални практики во филмската уметност (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 27 степени
- Го пречекал кај мостот над Баирот со закана му ги одзел парите
- Во Битола 38 нови позитивни на ковид-19, оздравени 56, активни 270 случаи
More from СпортMore posts in Спорт »
- Усама Хосни, новиот десен бек на Еурофарм Пелистер: целта е добри резултати во Европа и да се освои македонското првенство
- Пелистер со Сашо Дуков го затвори списокот на засилувања
- Руди Сели, новиот лев бек на Еурофарм Пелистер: пасијата по ракометот тука е нешто ново за мене
- Даниело Божиновски од Битола и неговиот судиски партнер Виктор Начевски од Скопје ИХФ судии
- Иван Марковски ги тренира ракометарките во Кина со песната “Ако одам во Битола“ (видео)