Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно и студено до 2 степени со сончеви периоди

Денес, среда, 15 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 2 степени.

Утре, четврток, 16 декември во Битола времето ќе биде умерено до значително облачно и студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 2 степени.