Press "Enter" to skip to content

Голманот Трајчевски одбрани два пенали во пенал-серијата за пласман на Пелистер во полуфиналето од Купот (фотогалерија)

Пелистер – Вардар 0:0, 3:2 на пенали

Екипата на Пелистер денес во Битола ја победи екипата на Вардар и се пласира во полуфиналето по изведувањето на пеналите, откако натпреварот заврши без голови во регулатниот дел.Во вечното дерби на македонскиот фудбал победи со 3:2, по пенал-серијата, а херој на екипата од Битола беше голманот Филип Трајчевски, кој со две пантерски одбрани донесе голема радост.Вардарци по само 40 секунди имаа голема можност да поведат во Битола, а така беше и неколку минути подоцна.  Потоа Пелистер  ја презеде иницијативата, а првата посериозна закана на битолчани ја имаше Драгарски. Следна шанса за “пелистерци“ ја имаше Здравевски, а за крај е шансата на Наумовски кога одбрани Трајчевски.Во вториот дел двете екипи тргнаа порезервирано, но внимателноста и тешкиот терен не го донесоа победникот.  Во пенал-рулетот, домашниот голман Трајчевски имаше блескав настап, затоа што ги одбрани ударите во четвртата и петтата серија на Глишиќ и Блажевски и го одведе својот тим во полуфиналето.