Press "Enter" to skip to content

Дибиров од пенал во последната секунда го спаси Вардар од пораз во Битола (фотогалерија)

Еуерофарм Пелистер – Вардар 1961 27:27 (13:17)

Ракометно дерби во Битола, како од пред некои години, полна сала одличен амбиент, одлично навивање, бодрење на милениците, со што се докажа уште еднаш дека Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 се најквалитетите екипи, но на жал на битолчани, само реми, а Вардар се спаси од пораз во последната секунда, 27:27.Еурофарм Пелистер запопна без повредените Табоада и Радовиќ но со рамноправна игра на на стартот до 15. минута кога беше 7:7.  “Вардарци“ со два гола  дојдоа на 7:9 и потоа на  9:12. Пред финишот на второто полувреме Вардар имаше и +4, а така и се замина на полувреме се замина со 13:17.На стартот на второто полувреме Еурофарм Пелистер додје на 15:17, а потоа се вратија на -4 до 40. минута 17:21 и во 50. минута 21:25. Потоа со одлична игра, плус носени од публиката дојдоа до 23:25 со головите на  Мандалиниќ и Граџан, а подоцна, разликата падна и на еден гол 25:26. На две минути пред крајот, беше 26:26 преку Граџан, потоа Периќ изнуди пенал, а Мандалиниќ погоди за водство 27:26. Пелистер имаше и напад за два гола но направи грешка, по која беше досуден пенал, кој во последна секунда го реализира Тимур Дибиров.Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со седум гола, пред Немања Обрадовиќ кој реализира шест пати, како и Јосип Периќ.

More from СпортMore posts in Спорт »