По многу години спортската сала во Битола може слободно да си врати епитетот “храм на ракометот“, а по многу години вистинско дерби, вистинска ракометна атмосфера или кратко кажано, вистински љубители на ракометот на вистинското место.Во “Боро Чурлевски“ во Битола вечерва имаше почетно навивање, разочарување по водството на Вардар, до кулминација на расположението и атмосферата кога Пелистер при крајот на натпреварот ја имаше победата во раце и повторно разочарување по ремито на крајот.
Иако беше најавено дека вратите ќе се затворат во 17,45 часот, тоа можеше да случи и многу порано, бидејќи салата беше исполнета, а сите кои имаа среќа да набават влезници, беа многу порано.
Иако се беше полно голем број на љубители на ракометот кои не дојдоа до билет останаа пред вратите на салата, а сигурно ги имаше ококу 500 кои бараат начин како да влезат.
А внатре во салата вистински ракометен пекол, како што битолчани паметат од порано со дуелите со Вардар, натпреварите на македонската репрезентација, Купот на Југославија…
Тешко е да се опише со зборови она што се случуваше во салата во Битола, но ќе се обидеме дел од атмосферата да ви ја прикажеме преку фотографиите на нашиот фоторепортер.
Во февруари се враќаме сите во салата во новите ракометни пресметки во домашното првенство и Евро лигата.

Натпреварот беше нерешено, но публиката заслужи да се радува за победа (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Активна партиципација на УКЛО Битола на 7. научна конференција на Берлинскиот процес
- Нов Американец во Битола, Ренди Брумант нов член на КК Пелистер Таскфорс
- Во Битола сончево и топло, температурата до 32 степени
- “Да го изградиме мирот во дигиталниот свет“ во чест на Татјана Петрова во организација на Ротари клуб Битола Широк Сокак (фото)
- Билтен на МВР: со камион на “Дулие“ повредена 72 годишна жена пешак, повреден мороциклист во Кравари и приведување
More from СпортMore posts in Спорт »
- Нов Американец во Битола, Ренди Брумант нов член на КК Пелистер Таскфорс
- Еурофарм Пелистер немоќен против Алборн, со пораз во Данска се враќа во Битола
- ФК Пелистер помина во Купот, го победи Велазерими во 1/16 финалето
- Александар Јовиќ, тренер на Еурофарм Пелистер: да го подобриме впечатокот од првото коло
- Еуерофарм Пелистер отпатува за Данска, данецот Нилсен вели: играат многу организиран ракомет