Press "Enter" to skip to content

Потикнување на студентскиот активизам на Универзитетот “Св.Климент Охридски“ во Битола

Потикнување на студентскиот активизам на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола е целта на разговорите на Универзитетското студентско собрание со Проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски и претставници на повеќе сектори од Ректоратот со цел да се изнајдат механизми за уште повеќе заеднички активности.

Денеска 15.12.2021 година во 12.00 часот во Кредо Центарот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола кој се наоѓа во зградата на Правниот факултет во Битола ќе се одржи работна средба на проректорот на  УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски со членовите на Универзитетското Студентското собраниет.

Заедничка цел е уште поуспешно спроведување на: грижа за квалитетот на животот на студентот и квалитетот на процесот на студирање, студентскиот стандард, остварувањето на студентските права и интереси и за студентската културна, социјална и интелектуална надоградба, поттикнување студентски активности надвор од наставниот процес и други работи од интерес за студентите. Ќе се разговара за создавање на поголема универзитетска понуда за културни, спортски и други вон наставни активности наменети за студентите, преку организирање на  културни и спортски настани, работилници, семинари, натпревари и други форми и/или воннаставни активности.

Се очекува да се договори начинот на континуирано промовирање на програмите за мобилност и информирање на студентите за можностите за престој на странски универзитет. При тоа од проректорот Ѓуровски ќе се Информираат  студентите за воспоставените процеси за обезбедување квалитет, активно инволвирање на студентите во образовни и истражувачки активности, обезбедување сет мерки во функција на подобрен студентски стандард. Ќе биде разгледана во престојниот период можноста за создавање фонд за стипендирање талентирани студенти и обезбедување внатрешни (и надворешни) финансиски механизми за формирање фонд, како и поставување критериуми за идентификување на талентираните студенти и постојана промоција на услугите на кариерниот центар кај студентите

Студентскиот активизам има за цел да ги информираат студентите за нивните права и обврски, начините на кои тие можат да ги остварат своите права и интереси, начините на кои можат да се организираат и учествуваат во работата на Факултетите и единиците, како и за механизмите преку кои можат да се заштитат доколку дојде до прекршување на нивните права.

More from ВестиMore posts in Вести »