Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: напад врз невенчана партнерка, сообраќајни контроли

На 14.12.2021 во СВР Битола, 23-годишна жена од Битола пријавила дека нејзиниот вонбрачен партнер физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.12.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 30 мерки од кои 9 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 21 меркa за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.