Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 во Битола се враќа можеби со клучна победа за плеј-офот

Пролет – Еурофарм Пелистер 2 29:32 (15:16)

Спортска сала „Македонско сонце“ – Скопје Гледачи: 200
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви

Пролет: Петковски 1, Цветковски, Аларов 4, Манев, Пецаковски, Јовановски, Додевски 1, Димов 1, Андоновски 3, Џонов 3, Мајнов 1, Димовски, Крстески, Голубовиќ 6, Палевски 8, Пејовиќ 1

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски 1, Ристевски, Кузманоски 10, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 1, В. Димитровски, Петровиќ 4, Димитриоски 1, И. Димитровски, Стоилевски 3, Талевски, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 6, Ѓукиќ, Блажевски, Арсеновски 5

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во Битола се враќаат со нова победа и бодови по голема борба и драматичен крај од Скопје над Пролет со резултат 29:32 полувреме 15:16.

“Пелистерци“ на почетокот беа подобри, но без посериозна разлика, Пролет бркаше резултат. Кузманоски и Ѓорговски со пет гола во клучен момент направија пресврт и на полувреме заминаа со +1 гол.

Во вториот дел битолчани се одлепија на три гола разлика, но Пролет го направи финишот неизвесен. Но на крај Еурофарм Пелистер 2 одигра поквалитетно за победа од +3 (29:32).

ВоЕурофарм Пелистер 2 најефикасни Кузманоски со десет и Ѓорговски со шест гола и Арсеновски со пет гола.

More from СпортMore posts in Спорт »