Press "Enter" to skip to content

Изложба на Борислав Траиковски (1917-1996) во галеријата “Безистен“ во Штип

Во рамки на годишната програма поддржана од Министерството за култура, во организација на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, Штип во галеријата Безистен беше отворена изложбата „Бои и чувства“ од академскиот сликар Борислав Траиковски (1917-1996). Изложени се 30 слики создадени во период од 1946 до 1994 година во различни техники, од кои дел се сопственост на Музејот во Штип.Изложбата ја отвори директорот на Музејот во Штип, д-р Митко Штерјов, а за творештвото на Траиковски како еден од предводниците на современото македонско сликарство зборуваше Зоран Читкушев, кој е и автор на текстот во каталогот.Меѓудругото, во каталогот Читкушев забележува:

-Во стратиграфијата на неговото сликарство, јасно е воочлива продлабочената размисла која има транспонирана реминисценција и се манифестира со специфично пастуозно нанесување на боите, кои според неговите искажувања, во добар дел самиот ги приготвувал по негов рецепт– формула, која до ден-денешен е тајна и тема, која сé уште не е истражена. Траиковски има во себе посебен квантум на сензитивност кон линијата, бојата, чувството за темно – светло а, тоа е услов без кој ниту еден сликар нема да ја надмине просечноста и да влезе во кругот на избраните.Оваа изложба со делата на битолчанецот Борислав Траиковски е втора оваа година, по изложбата „Боја родена од музиката“ која беше отворена на јубилејниот ИНТЕРФЕСТ Битола, што е потврда дека творештвото на овој наш значен сликар предизвикува големо внимание и го добива своето значење како културно наследство со кое треба да се гордее Битола и Македонија. 

More from КултураMore posts in Култура »