Press "Enter" to skip to content

Отворена канцеларија во Судот, изложба, признанија и промоција на книга на Денот на битолската адвокатура (фотогалерија)

Адвокатите од Битола со низа манфестации  денес го одбележуваа 16 декември, денот на Битолската адвокатура, кој традиционално години наназад се празнува во организација на Адвокатската заедница од Битола.Прва активност беше отворањето на адвокатската канцеларија на вторито кат од Основниот суд во Битола, на чие отворање претседателот на Адвокатската заедница од Битола, Никола Главинче рече:-Во име на сите адвокати сакам да упатам јавна благодарност до Основниот суд во Битола, посебно до претседателот судијата Миле Димовски и администаторот за нивната подготвеност и расположение за соработка со Адвокатската зедница и одлуката да отстапат една просторија во Судот за потребите на адвокатите, која е адаптирана за нашите потреби. Тука ќе можеме да се собираме за помали средби на адвокатите, но и простор кој ќе биде во фунција за извршување на адвокатските работи. Тука и мал фонд книги, но се надевам дека ќе се зголеми во пристојна библиотека. Претседателот судијата Миле Димовски за отворањето на канцеларијата рече:-Многу  ми е мило што можам да ви обратам како поранешен член на адвокатската заедница и ден денешен бидејќи решението ми е во мирување. Мило што ве гледам во подмладен состав, а секако дека вашто барање се материјализира и сега ја имаме ова канцеларија. Можам да дополнам дека и нашата библиотека Ви е на располагање и да се користи просторот на начин како вам ви е најпогоден.Во канцеларија се наоѓа и изложба поставена на четири панели на кои преку фотографии е прикажан развојот на битолската адвокатура од поранешна СФР Југославија се до денес, а е отворена за сите кои сакаат да ја погледнат. Адвокатите поставија и изложба на слики кои се поставени низ Судот кои се подарок од збратимената заедница на адвокати од Крагујевац, Србија. По повод денот на битолските адвокати се одржа и овој свечен собир на Адвокатската заедница Битола, во просториите на Апелациониот суд во Битола, на кој први присутните се потсетија на нивните претходници, а потоа ги поздравија оние кои одбележуваат јубилеи и оние кои пристапуваат во адвокатурата.Денес Адвокатската заедница Битола ја сочинуваат 160 адвокати. Во текот на 2020 и 2021 година со адвокатура започнаа да се занимаваат и 13 нови адвокати кои се запишаа во именикот на адвокати со седиште на канцеларијата во Битола. Тоа се Николче Митевски, Симона Дрогришки, Андреа Галовска, Игор Мирковски, Сибелџан Максуд Шабедин, Горјан Бошевски, Кристина Матовска, Никола Стојановски, Гоце Стефановски, Бисера Стефановска, Мартина Ристеска – Златевска, Марија Мишевска  и Андреа Здравковска, рече Иван Рутевски, потпретседател на адвокатската заедница.Оваа година беа наградени адвокатите кои прославуваат ретки јубилеи 20 и 25 и 30 години континуирана адвокатска дејност. 30 години адвокатска работа одбележаа Татјана Аговска, Благој Чичоновски и Петраки Пинза.  Адвокати со 25 години стаж во адвокатурата се Даница Анѓелевска, Милка Димовска и Никола Средовски. Одбележа 20 години адвокатска работа Дарко Стефановски.Во текот на 2020 и 2021 година неколку адвокати ја завршија својата адвокатска кариера.  Во оваа прилика на некои од нив ќе се потсетиме на нивното професионално движење во кариерата на Миле Крстески, Никола Пажик, Лилјана Кузмановска, Томче Ивановски, Владо Докулевски, Нада Томевска, Ѓорѓи Пили, Петраки Пинза и Соња Стојановска кои добија и посебни признанија од Адвокатската заедница. Пензионирани се и Никола Стојков, кој за жал почина, Лилјана Христовска, Милка Димовска и Снежана Запаренко Атанасовска. Посебно беа спомнати и починатите адвокати од Битола Јосиф Ивановски, Никола Стојков, Васил Ѓоргијев, Гоце Димевски, Киро Јошевски и Томе Неделовски.Во рамките на одбележувањето беше промовиран романот на Димче Миновски, а за неа зборуваа Никола Главинче, промоторот проф. д-р Златко Жоглев и авторот.Инаку романот е напишан според вистински настан, а за него Миновски го запознал починатиот адвокат Сотир Главинче, голем пријател на Миновски, а преку романот е прикажан целиот судски процес како и трагичниот настан кој е прилината за него.-Романот е напишан за седум дена односно од петок до петок, по кажување на приказната од Сотир во поранешниот млечен ресторан во “Епинал“, а со нас беше и Љубо Трифуновски. Им реков дека до петок ќе го имам романот, а кога го видоа не веруваа и затоа оваа моја книга му ја посветувам на Сотир Главинче. Сакам да ги охрабрам повозрасните адвокати, а посебно пензионериете, кои сигурно имаат интересни судбини преку судската пракса тоа да го стават на хартија им порача Миновски.Инаку, да потсетиме дека на 16 декември 1976 година во салата на Основниот суд Битола, адвокатите Сотир Главинче (претседател), Илија Кочовски (секретар), Гоце Милошевски (благајник), Александар Ѓузелковски, Петар Ефтимски, Петро Чаламани, Михаил Георгиев, Целе Ангеловски, Наум Чомовски и Радојица Неќак ја основаа Општинската адвокатска организација Битола, која била запишана под реден број 122 во Регистарот на здруженија на граѓани на Битола. Тоа е најраното формално правно организирање на адвокатите во Битола.

Текст и фото: С. Ристевски