Press "Enter" to skip to content

Работна средба со комисијата за спречеување и заштита од дискриминација

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и Претседателката на Советот на општината, Габриела Илиевска, денес, на работна средба со Претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска, разговараа за зголемување на понатамошната соработка помеѓу општината и комисијата.

Целта на идната соработка е да се овозможи ефикасна системска и долгорочна превенција и заштита од дискриминација.