Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападната сопруга и малолетна ќерка, пријава од болница за починато лице

На 15.12.2021 во СВР Битола, 38-годишна жена од Битола пријавила дека нејзиниот сопруг  физички ја нападнал, а со тврд предмет ја повредил нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 15.12.2021 во СВР Битола било пријавено дека на интерното одделение во Клиничка болница Битола со возило на итна медицинска помош Битола била донесена 48  годишна жена од Битола. Набргу по укажаната лекарска помош таа починала. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатата ќе се изврши обдукција. 

More from ВестиMore posts in Вести »