Press "Enter" to skip to content

“Уловени“ 300 метри нелегално поставени мрежи на акумулација “Стрежево“, најавени засилени контроли

Денес, на акумулацијата “Стрежево“ со која стопанусува ХС “Стрежево“ од Битола, меѓу Лера и Свињиште, на оддалеченост од околу 10 метри од брегот на езерото, пронајдени се неколку рибарски мрежи, со вкупна должина над 250 метри, жилавки наменети за крупна риба. Мрежите не се соодветно обележани и немале соодветен жиг од Државен инспекторат за земјоделство.

Притоа, констатиран е прекршок согласно Законот за рибарство и аквакултура, од страна на непознати лица, по што мрежите се подигнати за понатамошна постапка. Мрежите, по консултација со надлежниот инспектор од државниот инспекторат за земјоделство, како строго забранети за риболов се подигнати заедно со уловот на риба.

ЈП “Стрежево“ од  Битола ги известува граѓаните дека во следниот период, особено пред претстојните верски и новогодишни празници, ќе продолжи да врши засилени контроли на акумулацијата “Стрежево“, во соработка со рекреативните риболовци, надлежните инспекциски служби, Македонската риболовна федерација и полицијата.

More from ВестиMore posts in Вести »