Press "Enter" to skip to content

Во Битола 17 нови позитивни на ковид-19, оздравени 18, починато едно лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.740 тестирања, а регистрирани се 327 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 17.

Регистрирани сe 325 оздравени пациенти од Битола се 18.

Во Битола има досега 9.040 лица позитивни на ковид-19, а активни се 433 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица од Битола е едно лице на возраст од 67 години, починато во болнички услови.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 62 и преку “Плодност“ 26 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.515.236 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи изнесува 5.437.

More from ВестиMore posts in Вести »