Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: започна првата фаза од предметните работи за реконструкција на мостот

Од денес, изведувачот на изработката на техничката документација и реконструкцијата на мостот кај Безистенот е воведен во работа. Како прва фаза од предметните работи е изработката на проектната документација, во која е предвидено и пескарење на челичната конструкција. Подготвителните активности се веќе отпочнати, а со пескарење ќе се започне во понеделник.

После изработката на техничката документација, ќе следува обезбедување на одобрение за реконструкција од Министерството за транспорт и врски, со цел отпочнување на градежните активности.