Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: агресивно однесување кон полиција на ракометен натпревар, каснување од куче скитник, сообраќајни контроли

На 15.12.2021 во спортската сала ,,Боро Чурлевски ‘‘во Битола, каде се одиграл ракометен натпревар од македонската супер лига во ракомет, 26 годишно лице од Битола се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.12.2021 во СВР Битола, К.Т.Н.(36) од Битола пријавила дека на ул.„Васко Карангелевски“ била касната од куче скитник. 

На 16.12.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 12 мерки од кои 10 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 2 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.