Press "Enter" to skip to content

“Book’s house“ ново книжевно катче во Битола (фотогалерија)

Синоќа и официјално, во Битола, на радост на мнофу вљубеници во пишаниот збор се отвори книжевното катче “Book’s house“ кое е сместено во поранешната зграда на Сојузот на спортови или поранешното седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.Сопственичката на ова катче кое сигирно ќе биде препознатливо во нашиот град Јулијана Делева за идејата за отворање и функционирање на оваа модерна книжарница ни рече:-Се започна пред скоро пет години да се направи нешто во Битола, по примерот на поголемите градови кога се во прашање книгите, продажбата и читањето. Тогаш се роди идејата за книжевно катче во кое што на едно местоќе бидат застапени повеќето издавачки куќи, место во кое секој ке ја пронајде својата книга. Сега кога идејата е реализирана и тоа можеме да го видиме на дело мислам дека успеав во тоа, а секако ќе има уште работа и нови идеи и за тоа како ќе биде посетено книжевното катче додаде:-Битола е град на културата, битолчани се љубители на пишаниот збор и ова беше повеќе од потребно за нашиот град, а и самата посетеност денес го потврди тоа во што воопшто не се сомневав. Убедена сум дека ќе има многу битолчани, а и од другите градови кои ќе бидат тука, ќе ги наоѓаат потребните книги. Делева е благодарна на нејзините книжевни пријатели кои се дел од нејзината приказна во изминатиот период кога го подтотвуваше ова, секако дека ќе бидат и во иднина. Таа за идните планови и за тоа како ќе се развива “Book’s house“ вели:-Јас не застанувам тука, планот за во иднина ми е ова место да стане катче и промотор на книгата и културата, место каде многу книги ќе бидат промовирани, но јас сега предвреме да не откривам се. Да оставиме тоа да биде изненадување за сите мои верни читатели без кои и јас немаше да бидам денес овде.