Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: прегазен пешак, со тешки повреди однесен на болница

Вчера во 17.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Васко Карагалески“, ул. „13 Јули“ и ул. „Младински бригади“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 56 годишник од Битола, удрило во пешак на возраст од 38 години од Битола.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.