Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно, студено и ветровито

Денес, сабота, 18 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час. Температурата во Битола до 3 степени.

Утре, недела, 19 декември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 3 степени.