Press "Enter" to skip to content

Во Битола 10 нови позитивни, оздравени 12, починати 2 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.814 тестирања, а регистриран е 301 нов случај на КОВИД-19, во Битола се 10.

Регистрирани сe 192 оздравени пациенти од Битола се 12.

Во Битола има до сега 9.050 лице кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 429 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Битола на 79  и 90 години во болнички услови.

Направени се ЦЈЗ Битола 88 и преку “Плодност“ 38 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.519.050 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.095, бројот на оздравени пациенти е 207.755, на починати е 7.801, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

More from ВестиMore posts in Вести »