Press "Enter" to skip to content

Еурифарм Пелистер го одигра поседниот натпревар оваа година, го победи Радовиш

Радовиш – Еурофарм Пелистер 25:34 (12:19)

Спортска сала: „25 мај“ – Радовиш Гледачи: 500
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Радовиш: Паунов, Мицев, Јованов, Трајчевски 3, Долдуров 1, Постолов 3, Органџиев 4, А. Ристов. Марков, Стојановски 1, К. Ристов 3, Трајанов 4, Вујниќ 6, Костадинов

Еурофарм Пелистер: Ивановски, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески 4, Маџовски, Кукуловски 4, Мандалиниќ 4, Танкоски 2, Ризоски, Периќ 1, Костески 9, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 5, Граџан 3, Обрадовиќ

Ракометарите на Еурофрарм Пелистер со победија за затворија оваа календарска година и во Битола се вратја со убедлива победа над Радовиш со резултат 25:34, полувреме 12:19.

Битолските ракометари имаа малку отпор кога натпреварот започна со водство на Радовиш. Но, квалитетот си ги направи своето и “пелистсрци“ го презедоа водството и не го испуштија до крајот на дуелот. Во првото полувреме најубедливото водство беше пред истекот на 30. минута, 11:19.

Во второто полувреме домашните ракометари немаа сили за никакво изненадување, а водството беше и +10 за Еуроофарм Пелистер 29:19. 

Ненад Костевски беше најефикасен во Еурофарм Пелистер постигна 9 погодоци.

More from СпортMore posts in Спорт »