Press "Enter" to skip to content

Со света литургија и литија одбележан Св.Нектариј Битоски, заштитник на Битола (фотогалерија)

Голем број верници, денес го исполнија Храмот Свети Великомаченик Димитриј во Битола, од каде со света литургија Владиката Петар, во сослужение на други свештени лица беше  одбележан на Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на Битола.Потоа, според востановената традиција, низ повеќе битолски улици се одржа Литија која ја предводеа Владиката Петар и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.-Патронот на Битола, Преподобниот Отец Нектариј Битолски, го празнуваме денес и утре. Сите оние кои него го прославуваат тој за нив се моли, го славиме Бога што го просветлил и во тој дух денеска се чувствува целата Битола, радосна духовно пред се, заради покровителот нејзин – Преподобниот отец наш, изјави митрополитот преспанско – пелагониски г. Петар.После завршувањето на Литијата, Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски оствари средба со Митрополитот Преспанско-пелагониски господин Петар.На средбата, Градоначалникот Коњановски, испрати празнична честитка до сите граѓани:-Битола го одбележува Денот на заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски. Сега, кога се наоѓаме на крајот на една тешка година на борба со пандемијата од КОВИД 19, како и низа други случувања кои дополнително ни се испречуваат на патот на нормалното живеење, ваквото чествување е уште едно потсетување за сите нас, дека треба да продолжиме да живееме чесно, исполнети со љубов, вера и надеж. Да правиме добро за другите, за доброто да можеме да го почувствуваме сите.Од оваа година, Општина Битола, токму како поттик за младите генерации, преку програмата за култура по повод чествувањето на Свети Нектариј Битолски, воведува награди за талентираните ученици, кои со својот неуморен труд, постојано го збогатуваат своето знаење, а за тоа имаат одредени признанија. Јавниот повик за оваа намена ќе биде објавен на почетокот на идната година, со точно утврдени критериуми за пријавување.