Press "Enter" to skip to content

Во Битола 10 позитивни на ковид-19, оздравени 18, починато едно лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.592 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на КОВИД-19, од кои од Битола се 10.

Регистрирани сe 193 оздравени пациенти од Битола се 18.

До сега во Битола има 9.060 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 420 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица едно починато лице од Битола на возраст од 80 години.

Направени се 2.592 тестови преку ЦЈЗ Битола 66 и преку “Плодност“ 50 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.521.642 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.285, бројот на оздравени пациенти е 207.948, на починати е 7.815, а бројот на активни случаи изнесува 5.522.

More from ВестиMore posts in Вести »