Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: литија за Св. Нектариј, комеморација за Ѓорче Петров и академија за Даме Груев, сообраќајка на “Партизанска“ (фото)

-Секогаш пред Нова Година има повеќе актовности, па затоа и во мојот новинарски бележник за крајот на 2011 година има многу забелешки, запишани се многу настани кои се случија кон крајот на декември, па затоа од сите ќе ве потсетам на три-четири настани, кои не само што ќе го привлечат вашето внимание и на читателите туку и ќе се потсетат на некои работи на кои можеби биле присутни, а се сеќаваат, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Прво ќе е задржам на еден настан кој сега е препознатлив за Битола, а тоа се активностите околу чествувањата за Св. Нектариј Битолски.  Во 2011 година се одржа свечена академија и богослужба во негова чест во големата сала на НУ Центар за култура – Битола, на која г.  Петар, тогаш, меѓу другото, рече дека Св. Нектариј Битолски како млад човек имал големи искушенија, но сите искушенија ги надминал со неговиот духовник на Света Гора Дионисиј.Во светиот Нектариј е виден Господ Бог, зашто неговото тело останало нераспадливо, односно неговите свети мошти, затоа што во него живеел светиот дух кој неговото тело, кое денес се наоѓа во монашкиот град Кареја каде бил погребан, го оставил да биде нераспадливо, вели Миновски, кој додава:-Во организација на Македонското научно друштво од Битола во Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски“, пред голем број истакнати личности од јавниот и културниот живот во градот, се одржа комеморативна седница по повод 90- годишнината
од смртта на Ѓорче Петров. За ликот и делото на еден од најистакнатите личности од македонската историја говореше д-р Александар Литовски, секретар во Одделението за историја и географија при МНД, а зборуваше и тогашниот претседател на МНД Борис Ангелковски.Во Центарот за култура во Битола, во организација на Здружението на граѓани “Дамјан Груев“ и Македонското научно друштво – Битола се одржа свечена академија, посветна на 105-годишнината од смртта на апостолот на македонската револуционерна борба, Дамјан Груев. На Академијата за ликот и делото на Дамјан Груев говореше претседателот на Здружението на граѓани, кое го носи името на Даме Груев, Ристо Грујовски.Еден настан во Битола ги растревожи битолчани кон крајот на 2011 година, а тоа е тешката сообраќајка која се случи на “Партизанска“ во која настрадаа две возила “југо“ и “опел“.