Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 со победа ја потврди успешната есенска полусезона (фото)

Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 34:26 (18:13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 500
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски 

Еурофарм Пелистер 2: Б. Трајкоски, Јовановски, Кузманоски 1, Буторац 1, Пав. Атанасијевиќ 4, В. Димитровски 3, Петровиќ 3, Димитриоски 1, И. Димитровски, Талевски, Стоилевски 3, Пет. Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 7, Белистојановски 4, Арсеновски 3, Блажевски 1.

Прилеп: Ѕинсадзе, Ангелески, Тренчевски 1, Дамчески, Бикоски 3, В. Трајкоски 4, Х. Павлов 3, Шокоски 4, Бурчески, Лозаноски 1, Чантурија 5, Милошески 3, С. Павлов, Христоски, Гавашелишвили 1, Андоноски 1.Со победата во Битола над екипата на Прилеп ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја потврдија успешната полусезона во  која го направија најголемото изненадување кога го победиај Вардар. Во последното есенско коло во Битола го победија Прилеп со 34:26, полувреме 18:13, сега се наоѓаат на 4. место на табелата.

Првото полувреме започна израмнето и по 4:4, “пелистерци“ дојдоа на 12:8. На одмор се замина со високи 18:13 за пелистерци. По првите пет минути од вториот дел со серија 4:1 дојде 22:14 и се беше готово во Битола. предноста стана недостижна и дефинитивно се „прекрши“ натпреварот. Следеше натпревар кој колку и да се доигра кој заврши со 34:26.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беше Ѓорговски со седум гола.

More from ВестиMore posts in Вести »