Press "Enter" to skip to content

Топ Гол со реми во Струга ја заврши полусезоната

АС Јунајтед – Топ Гол 1:1 (1:0)

Во последното 11. коло од есенскиот дел од ПФЛ-жени екипата на Топ гол се врати во Битола со бод од гостувањето во Струга. Фудбалерките од Битола на натпреварот против АС Јунајтед одиграа нерешено со конечен резултат од 1:1, а резултатот полувреме беше во корист на домашната екипа.

Голот за Топ гол го постигна Сара Стевановска во 85 минута, гол кој му донесе еден бод.

-Освоивме голем бод на тешкото гостување во Струга, натпреварот се одигра во екстремно ладни временски услови и покрај негативата на полувреме успеавме да постигниме гол. Овој бод за нас има огромно значење, прво го зголемивме нашето бодовно салдо, а второ покажавме карактер во играта против силен противник. Благодарност до домаќините за фер-плеј односот. Во следниот период ќе направиме анализа за досегашниот дел од првенството, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

За Топ гол настапија Талевска, Петровска, Јанчева, Милевска, Димитривска, Трајчевска, Давчева, Гоцевска, Стевановска, Љондевска и Јовановска уште играа: Неделковска, Гроздевска и Нешковска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »