Гевгелија – Феникс АМС – 28:29
Женскиот ракометен клуб Феникс АМС од Битола ја забележа третата победа во групата А од Суперлигата, откако на гостински терен со минимални 28:29 славеше над тимот на ЖРК Гевгелија.Во текот на сите шеесет минути се водеше голема битка на паркетот, двете екипи имаа свои моменти и го имаа водството на своја страна, но на крај среќата им се насмевна на битолчанки кои во последната минута влегоа со позитива од два гола и заслужно ги собраа сите бодови од овој дуел.
Во таборот на победничката екипа со по седум гола најпрецизни беа Рујановска и Илиевска, додека репрезентативката Ризоска застана на пет погодоци. Во домашниот табор расположена беше Петковска со единаесет гола, а седум запиша Митрова.
Со оваа победа Феникс АМС се израмни со Гевлегија и сега двете екипи со по девет бода ја делат шестата позиција, но немаат шанси за плеј-оф, што значи во вториот дел од сезоната ќе се борат за опстанок во елитата.