Press "Enter" to skip to content

Во Битола 6 нови позитивни на ковид-19, оздравени 17, активни 408 случаи

Направени се 1.766 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 6.

Регистриран e 261 оздравен пациент од Битола се 17.

До сега во Битола има 9.065 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 408 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица, нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 1.551.730 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.411, бројот на оздравени пациенти е 208.209, на починати е 7.825, а бројот на активни случаи изнесува 5.377.