Press "Enter" to skip to content

Двојна уметничка презентација, изложба и промоција на книга во Центарот за култура (фото)

Во Центар за култура-Битола, пред бројна публика, со своја самостојна изложба се претстави Сандра Котевска. Нејзиниот сликарски циклус носи наслов – Фрагменти светлина. Во исто време, Маријана Котевска-Георгиева  ја промовираше својата поетска збирка “Карши“.Изложбата е концептуален водич на оваа двојна уметничка презентација. Што се однесува до стихозбирката Карши, таа веќе ја имаше својата промоција пред скопската публика, но со длабока почит и љубов кон Битола, авторката одлучи книгата своја промоција да има и во овој град. Карши е издадена на македонски и на англиски јазик, и е во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина Публикации.Корелацијата која метатекстуално меѓусебе ја остварија двата уметнички света, оној на сликарството и оној на поезијата, ги натера двете уметници да соработуваат, со тоа што, фрагменти од изложените слики, се воедно и илустрации кои ќе ги видите меѓу страниците на поетската збирка „Карши“.Промотори кои поблиску го доловија јазикот на авторките беа Владо Ѓорески-Рафикот и професор Иван Додовски. Специјален гостин на настанот беше Бранислав Николов, фронтменот на групата “Фолтин“.

More from КултураMore posts in Култура »