Press "Enter" to skip to content

“Петардите не се играчки – тие болат“ предавање на општински совет за превенција

Марија Филиповска психолог во СОЗУ „Кузман Шапкарев“ и Претседавач со Општински совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола, во ОУ „Св. Климент Охридски“ одржа предавање за превенција од злоупотреба на петарди и др. пиротехнички средства на тема: “Петардите не се играчки – тие болат“.

Со запознавање на учениците со можните сериозни повреди од злоупотребат на пиротехничките средства се придонесува за намалување на број на деца кои ќе употребуваат петарди а со тоа и ќе се заштитат од повреди.Најпрвин се укажа за тоа што значи злоупотреба на пиротехнички средства, кои опасни „игри“ ги играат децата со петардите и другите пиротехнички средства и повреди кои настануваат при злоупотребата на пиротехниката.

Преку видео се прикажа „што точно се случува ако во рака пукне петарда“ а со тоа на учениците им се покажа дека петардите не се играчки дека тие можат да болат, а им беа посочени превентивни мерки како тие да се заштитат и како да ги заштитат нивните најблиски.

Ова предавање беше последното во низата едукативни предавања во склоп на Програмата за 2021год на Битолскиот Општински совет за превенција на детско престапништво, поддржани од страна на Општина Битола преку програмата за социјална заштита за 2021 година.

More from ВестиMore posts in Вести »