Press "Enter" to skip to content

Павле Атанасијевиќ: тим на Еурофарм Пелистер 2 има шанса да излезе во Европа

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола не само што одигра одлично во оваа полусезона, туку го направи најголемото изненадување победувајќи ја екипата на Вардар и со тоа и ја направи и лигата поинтересна. Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го лансираше младиот Павле Атанасијевиќ како ракометар кој најмногу напредуваше од минатиот во овој шампионат, за кој вели:

-Тешки беа овие шеснаесет натпревари. Имавме цел за исполнување, сите натпревари беа тешки и борбеноста и тимскиот дух беа видливи. Каде е мојата заслуга тука? Тимот го прави играчот, тоа имам само да порачам. Мислам дека имаме шанси да излеземе во Европа, но има уште многу од шампионатот и плеј-офот, па ќе видиме колку можеме, смета младиот бек на тимот од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »