Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: син нападнал татко, сопруг сопруга, сообраќајни контроли

На 19.12.2021   во СВР Битола, 72-годишен жител   од  Битола пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговиот син на возраст од 39 години. Се преземааат мерки за расчистување на случајот. 

На 19.12.2021 во СВР Битола, 43-годишна жена  од село од општина Могила пријавила дека била физички нападната од сопругот. Се преземааат мерки за расчистување на случајот. 

На 19.12.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 23 мерки од кои 18 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 5 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

 

More from ВестиMore posts in Вести »