Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: предпразнична или Божикна депресија и корона криза

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Како да го избегнеме стресот и да ја осетиме радоста и мирот за време на Божикните празници.

Декември е месец кога улиците и плоштадите, продавниците, куќите, дворовите домовите се украсуваат и почнуваа подготвовките за Новогодишите и Божикните „Празници се ближат“… Пред нас се накитено, осветлено, излози, рекламни билборди и новогодишни, или божични мелодии… Време на оптимизам и прослави, “предновогодишна еуфорија“. Или барем така би требало да биде… Може да се чувствувате тажно, анксиозно и заради тоа што вообичаените празнични планови за овогодинешните празници нема да бидат онака како сте ги замислувале и на кои сме/сте навикнале, а со пандемијата се поставуваат нови правила кои се сосема празлични од досегашните вообичаени начини на прослава и дочек на празниците.

Претходните години традиционално ова беше време на подготовки за богати трпези, украсување, подароци за најмалите за претстојните празници кои доаѓаат. Време на прослави, дружење, собирање на семејствата, роднини пријатели… Стресот и депресивноста обично и беа каракктеристични и досега за празничните денови пред Нова година и Божикните празници. Тоа е заради што овој период се прават биланси што сме постигнале претходната година. Времето пред празниците се претвара во поставување на многу обврски кои би требало да се направат, од набавување продукти за готвење јадења и колачи, купување на подароци, чистење, украсување и создавање на бајковита празнична атмосфера. При тоа сето ова треба да значи дека би требало да бидеме расположени, весели, спремни за забава, а наспроти тоа се јавува стрес, анксиозност, дури и тага, чувства на осаменост, депресивност.Оваа година во време на пандемија и корона вирусот кој се шири, многу заболени, изолирани, оние кои го загубија животот од вирусот… стресот можe да биде само уште поголем, бидејќи со се ова уште се грижиме и плашиме за своето и здравјето на најблиските.

Cо реалистични очекувања, правовремено планирање и спремност да побарате поддршка може да се ублажат симптомите на стрес и депресија кои се карактеристични за овие денови и се познати како феномен на „Претпразнична или Божиќна депресија“.

Делувајте превентивно

Посебно ако и претходните години за време на овие празници сте се почуствувале осамени, тажни, депресивни, наспроти еуфоријата која наложува да се биде радосен, весел и опуштен, која е секаде раширена околу вас. Ако изолираноста ќе биде најголем проблем оваа година пред празниците, постојат начини како да се ублажи стресот.

Еве некои препораки кои се потпираат на советите на стручни лица од “Mayo Clinic“ со кои можете да го намалите нивото на стрес и најпоcле да уживате во духовноста на Божикните празници и повеќе од што сега мислите. Во потрага по духовност и мир за време на Божикните и Новогодишни празници.Признајте си ги своите чувства. Насекаде околу вас се асоцира на радост, мир, еуфорија, но признајте ако се чувствувате тажно, осамено, несреќно….Ако не можете да ги поминете празниците со најблиските, ако сте заболени, во изолација, ако сте изгубиле некој свој, нормално е да чувствувате тага и жалост и не можете да се присилувате да бидете среќни или да се претварате само затоа што е време на прзаници. Со верба, духовност пронајдете мир во себе на свој начин.

Побарајте и давајте поддршка (нека празниците бидат време на
давање). Ако се чувствувате осамено или изолирано заради спроеведени мерки кога се забранети собирања, ако чувствувате стрес, тага разговарјте со членовите на семејството или пријател за своите чувства, не се плашете да ги признаете ( да се расплачете ако сте тажни…) Тука се социјалните мрежи, видео комуникација, приклучете се на виртуелни или он лајн случувања со групи за поддршка и грижа на менталното здравје. Посвете го своето време на убаво и корисно.

Помогнете, донирајте на сиромашни храна, помогнете околу купување на храна на сосед, роднина пријател кој е заболен или во изолација, потоа помагајте им на постари лица кои неможат да си пазарат, осамени се пред и за време на празниците. Направете им некое убаво јадење. Бидете корисни, тоа ќе ви помигне да се чувствувате поубаво.Бидете реалистични. Божикните празници не мораат да бидат совршени, нити исти како што биле претходните години. Не мора да бидат како на рекламните спотови кои се прикажуваат овој период на ТВ или социјални мрежи, или на филмовите со тема „Божик“. Оваа година пандемијата не мора да биде единствена причина и придонесе за промени. Треба да бидете отворени за промени кои доаѓаат со годините и да воведете и нови обичаи. На пример ако вашите деца пораснале и сакаат да прослават, бидат сами или со пријатели. Ако вашите пријатели не можат да дојдат заради страв, претпазлвост од кориона вирус или други причини, пронајдете и други начини заедички да ги прославите празниците како што се онлајн дружења, споделување на фотографии, мејлови, позитивни пораки, потоа дружење. прошетки на отворено со почитување на мерките, тераса…

Планирајте го својот буџет да не западнете во долгови кои понатаму ќе Ви го зголемуваат стресот. Духовноста нека биде над комерцијалната страна на празничната атмосфера и еуфорија која често е „шопингхоличарска“. Бидете скромни во прославувањето. Пред да се „фрлите“ на непотребно трошење, на повеќе одколку што е потребно храна, подароци, украси… Реално пресметајте колку пари имате на располагање за да потрошите и држете се до тоа, не се обидувајте да купите среќа со што повеќе подароци. Бидете отворени и за алтернатива, дарувајте за време на празаниците, донирајте храна, облека во хуманитарни цели на оние кои немаат.

Планирајте однапред. Оваа године е важно да планирате, посебно за купување како да ги избегнете гужвите во супермаркетите, продавниците, моловите…заради заштита на себеси и вашето здравје во време на пандемија од корона вирусот. Одредете си време и за подготовка и готвење на јадења, колачи за свечена трпеза. Можете да се организирате со членовите на семејството и да го правите тоа заедно. Побарајте помош од сите во семејството за некои обврски околу поставување на масата и друго.Почитувајте ги различностите на другите. Обидете се да ги прифатите членовите на семјството и пријателите онакви кави навистина се, дури и ако не ги исполнуваат вашите очекувања. Расправиите одложете ги за некое друго време, и имајте разбирање ако и тие чувствуваат нервоза и вознемиреност или „Празнична Божиќна депресија“. Бидете емпатични со нивните чувства, разговарајте со нив отворено. Научете да кажете НЕ Согласување на нешто во некој момент кога треба да одбиете, предизвикува немир, што може да ве преоптерети. Колеготе треба да ве разберат ако не сакате да се вклучите во некој проект, активности или пријателите за некоја прослава. Ако неможете да ја одбите прековремена работа, тогаш заштитете се себеси од прифаќање на некои обврски со кои ве притискаат пријателите.

Не се откажувајте од здравите навики. Празничните денови не би смееле да бидат време во кое се е дозволено. Претерувањето само може да предизвика стрес и може да го зголеми чувството на вина кога претеруваме со јадење, пиење, пушење… Затоа придржувајте се до следните совети. Воведете здрави оброци пред Божиќниот и други слави потоа, за да не претерате со конзумирање на масна, храна шекери и пијалоци, јадете повеќе здрави оброци и овошје, спијте доволно, бидете физички активни:пешачете, вежбајте, шетајте на воздух. Совладајте ги вежбите на длабоко дишење и медитирајте, избегнувајте претерување во јадење, пушење и конзумирање на пијалоци, или претерување со лекови на своја рака.Бидете свесни за огромната количина на информации на кои сме изложени пред екрани (ТВ, компутер, смарт телефони. Интернет и социјални мрежи) кои создаваат дополнителен стрес. Затоа ограничете го времето за читање на информативни портали и коистење на социјални мрежи

Одвоете си време само за себе. Ослободете си простор и време само за себе. Пронајдете активност во која уживате. Земете си пауза. Поминете само 15 минути сами, без некој да ве вознемирува за да се наполните со доволно сила за да полесно можете да направите било каква обврска или работа. Одберете активност која ќе го намали вашиот стрес, ќе ги смири вашите мисли, дишете длабоко кое ќе ве смири. Тоа може да бидат прошетки на воздух, да уживате во поглед на природа, звездено небо, слушајте музика која ве смирува, читајте книга и.т.н.

Ако е потребно побарајте стручна помош. Дури и со најдобра волја, можеме да се најдеме себеси анксиозни и со чувства на длабока тага, разочарување, измачени со психосоматски тегоби, уморни од несоница, нервозни со чувство на безнадежност, неспособни да се соочиме со секојдневните рутински активности. Ако тие чувства траат подолго време не се двоумете да разговарате со својот лекар или психолог.