Press "Enter" to skip to content

Александар Јовиќ, тренер на Еурофарм Пелистер 2: целта е да обезбедиме плеј-оф

Во есенскиот дел екипата на Еурофарм Пелистер 2 освои 32 бода и полусезоната ја заврши на 4. место, а со 10 победи и 2 нерешени натпревари оваа есен, екипата која ја предводи Александар Јовиќ е есенски хит и екипа против која никој не може предвреме да впише бодови.

По победата над Прилеп од 34:26 младиот тренер ја анализираше успешната есен во Суперлигата за што рече:

-Овој прв дел од шампионатот можам да го окарактеризирам како позитивен. Имавме одлични натпревари и на домашен и на гостински терен. Самата победа против двократниот европски шампион говори сама за себе. Имаме огромен потенцијал во оваа екипа, треба да продолжиме да работиме, да се подготвиме добро, да направиме добри припреми и да влеземе максимално подготвени во доигрувањето на првенството. Целта е да обезбедиме плеј-оф. Мислам дека со овие досегашни натпревари тоа го заслуживме. Имаме добар спој на млади иискусни играчи. Ме радува што имаме добра атмосфера. Немаме поделба во екипата и сите дишеме заедно. Со макотрпна работа лимитот на оваа екипа не може да се процени. Имаме голем потенцијал, ни треба време, многу работа и најважното многу трпение.

Тиквеш е единствената екипа која успеа да го победи Еурофарм Пелистер 2 во Битола оваа полусезона, а на гостувањата битолчани загубија само уште од Бутел. Покрај овие два порази екипата на Јовиќ двапати загуби и од повозрасниот „брат“ Еурофарм Пелистер. 

More from ВестиMore posts in Вести »