Press "Enter" to skip to content

Во Битола наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност

Денес, вторник, 21 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 2 степени.

Утре, среда, 22 декември, во Битола времето ќе биде наутро студено, преку денот претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 2 степени.