Press "Enter" to skip to content

Денес доаѓа зимата во 16 часот и 59 минути, а ќе трае до 20 март 2022

Денес, 21 декември 2021 година, рано попладне, точно во 16 часот и 59 минути доаѓа зимата. Ќе трае скоро 89 дена, односно до 20 март 2022 година.

На денот на почетокот на зимата Сонцето ќе биде во соѕвездието Стрелец, а во исто време доаѓа лето на јужната хемисфера на земјината топка.

Иако долгорочната временска прогноза не е многу веродостојна, метеоролозите велат, дека зимата ќе биде слична како претходнта, но сепак, ќе има повеќе снег (што е добра вест за љубителите на скијањето), но ќе има денови за снежна олуја, а најстудено ќе биде во јануари.

Инаку, според метеоролошките критериуми, зимата започна на 1 декември 2021 година и ќе трае до 28 февруари 2022 година, а според климатолошките критериуми – од 24 ноември 2021 година до 9 март 2022 година.

И следната година зимата започнува на 21 декември, а 2023 година на 22 декември, а во следните години повторно на 21 декември.