Press "Enter" to skip to content

Завршна конференција на проектот “Родово еднакви – спортски здрави“ (фото)

Во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија“, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), мобилизаторот Мартин Николовски организираше завршна конференција на иновативната иницијатива: „Родово еднакви – спортски здрави“.Целта на овој настан беше да се дискутира за моменталната состојба на учество на жените во спортот и спортските федерации и да произлезат препораки и потенцијални решенија за зајакнување на улогата на жената во спортот и спортските федерации. На овој настан учество зедоа спортскиот новинар Зоран Мишевски, каратистката Пулексенија Јованоска и Гордана Цветковска Бошевска од Општина Битола.Завршната конференција се организираше на национално ниво каде се дискутираше во насока на зголемување на процентот на учество на жената во спортот. Модератор на конференцијата беше проф. д-р Моника Марковска.