Press "Enter" to skip to content

Општина Новаци подели новогодишни пакетчиња во Здружението на лица со оштетен вид

-Денеска од мое лично име, од името на Општина Новаци и Советот на Општина Новаци, донирав новогодишни пакетчиња за дечињата во Здружението на лица со оштетен вид во кој членуваат 15 жители од Општина Новаци. Се надевам дека овој мал гест ќе им донесе голема радост за Новогодишните и Божиќните празници, рече градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

На средбата присуствуваа Драгче Брдаровски, претседател на здружениетот и Лилјана Корлевска, стручен соработник и администратор со кои разговаравме за идните активности, реализација на други заеднички проекти како и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат овие лица.

Особено беше актуелизирана потребата од ангажирање на лични асистенти кои им се неопходни на лицата со оштетен вид заради остварување на нивните секојдневни активности. Здружението на лица со оштетен вид брои 200 членови, а опфаќа 5 општини од регионот: Битола, Демир Хисар, Могила, Новаци и Ресен.