Press "Enter" to skip to content

Промовирана книгата “Атлетиката во Битола“ од Димче Миновски (фотогалерија)

Вечерва во Битола, во малата сала на Центарот за култура во Битола беше промовирана книгата “Атлетиката во Битола“ на долгогодишниот спортски работник, новинар и хроничар не само на спортот во Битола, Димче Миновски, кој бил и претседател на атлетскиот клуб Олимпија.За книгата зборуваа рецензентите Ако Кимовски – советник на архивот во Битола и Сашо Ристевски – спортски новинар и фоторепортер, а во нивно име Кимовски рече:-Посебна чест ни е што бевме предложени од Миновски за рецензенти, а мене лично тематски ме заинтругира, пред се поради што се работи за познат битолски новинар, а Сашо како негов колега и долгогодишен соработник. Јас бев сигурен дека Миновски ќе направи едно добро и квалитетно дело за атлетиката. Тој на еден темелен и сериозен пристап ги има прикажано појавата и развојот на атлетиката во Битола до 2001 година, со исечоци од весници, голем број на фотографии, документи, со сите турбуленции, успони и падови кои се случувале, каде се спомнати многу имиња кои учествувале во развојот. Во книгата се спомнати врвни имиња, Васко Вангелов, Вера Велјанова, Илија Чукалков, Стевче Ѓоргиевски, Демир Даутовски, како и други. Затоа препорачувам да се прочита оваа книга во која сите ќе се потсетат за оние кои дале придонес за развој на атлетиката. Зоран Мишевски кој беше промотор на промоцијата, потсети кој е Миновски.-Миновски не знае да мирува, целосно е посветен на својата професија, а ние можеме само да учиме од него. Се надевам дека за брзо ќе не изненади со друго дело, но она што тој ни остави, посебно во книгите за спортот е четиво кое на сите ќе ни користи за подготовка на било кој текст или пренос, бидејќи Миновски ја ова како хроничар забележано секоја ситуација во спортот во Битола.Димче Миновски во своето обраќање кон присутните рече дека почестен со нивното присуство и дека се надевам дека книгата ќе најде место во многу библиотеки.-Атлетиката е многу стар спорт, а во 1964 година почна изборот на најдобри спортисти на Битола, а трае до денес. Ако се прелиста книгата “Најдобри меѓу најдобрите“ јасно се гледа дека атлетиката, покрај големите резулатати не им е придавано потребното значење. Во изборот има досега само 10 спортисти како најдобри, а има и добитници на наградата 4- Номеври, па затоа оваа книга да биде потсетување на атлетските успеси, кој додаде:-Кога ја подготвував книгата ми се јави Стевче Ѓоргиевски од Австралија кој ме праша до каде сум. Му реков дека сум готов но нема пари да се испечати. По три дена дојдоа пари од него и еве книгата е тука пред вас.-Кога зборуваме за книгата може да се каже дека можеби некој ќе најде некоја забелешка, за некои сум свесеби јас, но ова нека повод за некоја друга книга или трибина да ја дополниме и да поразговањата со факти за развојот на атлетиката во Битола, рече Миновски.За нејзините почетоци во атлетиката зборуваше Вера Велјанова која се присети на првите тренинзи во Олимпик, кога претседател бил Димче Миновски.

More from ВестиMore posts in Вести »