Press "Enter" to skip to content

Саем за туризам „VAS & JK TRAVEL FAIR 2021“ во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје

Промоција на атрактивни дестинации за одмор, понуди, попусти и награди за летен одмор 2022 се дел од Саемот за туризам „VAS & JK TRAVEL FAIR 2021“ кој се одржува во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје. На саемот се претставени хотели, ресторани, кампови, компании за патнички превоз како и потенцијални инвеститори во туристичката индустрија.

ВАС Тур како водечки тур-оператор во областа на туризмот нуди одмор во секоја земја во светот и различни културни-спортски активности 365 дена во годината. Врз основа на тимската работа, долгогодишното искуство и професионалноста на персоналот понудите на ВАС Тур уживаат висок квалитет за своите клиенти. Како резултат на тоа, ние продолжувавме со организацијата на овој туристички саем во Тирана, Приштина и Скопје, истакна Емрах Сејид, генерален менаџер на ВАС Тур Турција.Исто така, 20 хотелиери од Турција имаат свои презентации кои на македонските граѓани им се познати бидејќи Турција, особено Анталија која е една од омилените дестинации за летен одмор. Токму овие два дена посетителите на саемот ќе имаат можност да го резервираат својот летен одмор и патување по специјални попусти директно на штандовите.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски рече дека изминатите две-три години Турција е пазар број еден за Македонија, а наредната година очекувам уште повеќе туристи токму од оваа земја.-Во 2019 година турскиот пазар беше прв пазар и Македонија ја посетија околу 130 туристи и остварија нешто повеќе од 160 илјади ноќевања. Веќе фокусот во 2020-2021 година според стратегијата на АППТ беше да остане турскиот пазар прв, но да имаме зголемување на бројот на ноќевања и просечниот престој. Во 2021 година имаме зголемување на бројот на туристи поради можноста подобро да ја менаџираме ковид-кризата и очекуваме да оствариме 2,2 милиони ноќевања и на таков начин да ја подобриме дестинацијата кога е во прашање инкамингот. Турскиот пазар и ваквите настани се многу значајни и се надеваме дека со ваквата соработка ќе имаме повеќе турски туристи во Македонија, вели Јаневски.Целта на овој саем е да им овозможи на партнерските агенции, но и на клиентите да комуницираат и одблиску да се сретнат со претставниците на овие хотели.

-Дополнително, овие два дена посетителите имаат големи можности за супер-понуди кои ќе им бидат достапни на клиентите достигнувајќи попусти и до 55 отсто. Ќе има многу подароци, а сите посетители ќе бидат потенцијални добитници на подарок летување во Турција или Грција, вели Елизабета Кочева Јосифовска од ЈК Травел.

Од Туристичката агенција ЈК Травел велат дека во споредба со претходните години кога ја немавме ковид-кризата туризмот беше на едно сосема друго ниво. Мината година помина успешно, но годинава очекуваат да има уште поголем интерес за патување. Лани се покажа дека и покрај пандемијата Грција беше доминантна, но имаше голем интерес и за чартер програмите за Анталија-Турција.