Press "Enter" to skip to content

Во Битола 11 нови позитивни на ковид-19, оздравени 18, активни 384 случаи

Во изминатите 24 часа направени се 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на КОВИД-19, Битола се 11.

Регистрирани сe 214 оздравени пациенти од Битола се 18.

Во Битола до сега има 9.093 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 384 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 63 и “Плодност“ 38 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273.