Press "Enter" to skip to content

Од денес “Недела современ на полски филм“ во Битола

Од денес, 22. декември до 24. декември 2021 година во НУ Центарот за култура во Битола ќе се одржи “Недела на современ полски филм“ во Битола организирана во соработка со Амбасада на Република Полска, и НУ Кинотека.

На филмската ревија ќе бидат прикажани три филма.

22 ДЕКЕМВРИ (среда), 19:30 ч.

ТРАГИ (Spoor / Pokot)
Игран филм, Полска, Чешка, Германија, Шведска, Словачка

23 ДЕКЕМВРИ (четврток), 19:30 ч.
ЛИЦЕ (Twarz / Mug)
Игран филм, Полска

24 ДЕКЕМВРИ (петок), 19:30 ч.
СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА
(Zjednoczone Stany Miłości / United States of Love) Игран филм, Полска / Шведска

Филмовите ќе се прикажуваат во малата сала во Ценатарот за култура, влезот е бесплатен. Задолжително e почитување на Ковид мерките, прикажување на сертификат за вакцинација, носење маска и држење дистанца.