Во новите клубски простории на Пелистер Волеј беа потпишани договори со речиси сите одбојкарки на тимот, а потпис за прв пат ставија и младинките. Екипата на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј благодарение на генералниот спонзор и поддржувач, гигантот “CERMAT“ ја зацврсти својата екипа на сите позиции на подолг рок, а покрај што се потпиша договор со засилувањето од Србија, потпишаа и сите останатите одбојкарки, што ќе значи сигурна иднина на клубот за определен период.
-Пелистер Волеј оваа сезона доведе едно засилување од Србија, примачот Ана Ивановиќ, а во план се и нови засилувања со кои ќе се бориме во остатокот од сезоната во пролетниот дел. Потписите ги заверија техничаркита и капитен Михаела Цветановска, коректорката Ивана Белокозовска, примачот Стефани Најдановска, средниот блокер Меланија Каралиоска, како и либерото Андреа Стојановска, рече Александар Темелковски, претседател на Пелистер Волеј.
Претседателот Темелковски се осврна и на тие кои за прв пат потпишаа договори и додаде:
-За прв пат на подолг рок падна договор за соработка со младата коректорка Анастасија Ристевска, техничарка Билјана Јаковлевска, примачите Василикија Наумоска и Ирина Трајковска, либерата Ана Ицковска и Викторија Наловска, како и со средните блокери Сандра Дамчева и Христина Трајчевска.
Од Пелистер Волеј истакнаа задоволство што во тимот, межу девојките е повратникот од Данска е младата Ева Трпеновска која повторно работи со нашата екипа, а секако тука се и најискусните Ана Марија Шехи и Теодора Андоновска.
Средбата со новинарите при потпишувањето на договорите преседателот Темелковски ја искористи приликата да им искажат благодарност за првиот дел од сезоната на нивните поддржувачи.

Пелистер Волеј потпиша нови договори со целиот тим за сигурна иднина (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес на “Бит фест“: концерт на две битолчанки, дуо пијано, “Музиката раскажува приказни“
- Отворен форумот за локални практики во филмската уметност (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 27 степени
- Го пречекал кај мостот над Баирот со закана му ги одзел парите
- Во Битола 38 нови позитивни на ковид-19, оздравени 56, активни 270 случаи
More from СпортMore posts in Спорт »
- Усама Хосни, новиот десен бек на Еурофарм Пелистер: целта е добри резултати во Европа и да се освои македонското првенство
- Пелистер со Сашо Дуков го затвори списокот на засилувања
- Руди Сели, новиот лев бек на Еурофарм Пелистер: пасијата по ракометот тука е нешто ново за мене
- Даниело Божиновски од Битола и неговиот судиски партнер Виктор Начевски од Скопје ИХФ судии
- Иван Марковски ги тренира ракометарките во Кина со песната “Ако одам во Битола“ (видео)